/креирај-тим
Избери име и таг од три англиски букви, на пример PAL. Ботот автоматски ќе го стави тагот пред твоето име.
/креирај-тим име: Palm Pirates таг: PAL
НАЗАД
ВОДИЧ ЗА УЧЕСНИЦИ · ИЗДАНИЕ 2
Првпат учествуваш? Тука ќе видиш како да се пријавиш, да најдеш тим и да го користиш ботот.
РАЗИГРА 2.0
Џемот се одржува во KAMAi MEDIA, а главните известувања се на Discord. Ботот ти помага да се пријавиш, да влезеш во тим и да ги следиш поените. На веб-страницата се распоредот и резултатите.
ПРЕД ДА ПОЧНЕ ЏЕМОТ
Влези на серверот и избери /учесник ако сакаш да правиш игра. Внеси име и презиме, возраст, пол, град и големина на маица.
Избери /учесник, /волонтер или /публика. За учесник и волонтер прочитај ги Условите и Политиката за приватност, па избери прифаќам: Да. Ако од учесник преминеш во волонтер или публика, ќе излезеш од тимот.
Кога ќе се пополнат 100 места, ботот ќе те стави на листата на чекање и ќе ти каже кој број си.
Напиши /помош за список со команди. Со /јас можеш да видиш колку поени имаш.
НАЈДИ ЈА ЕКИПАТА
/креирај-тимИзбери име и таг од три англиски букви, на пример PAL. Ботот автоматски ќе го стави тагот пред твоето име.
/креирај-тим име: Palm Pirates таг: PAL
/тим PALНапиши го тагот на тимот. Со /мој-тим ќе ги видиш членовите, а со /напушти-тим можеш да излезеш.
Ако последниот член излезе, тимот се брише.
КАКО РАБОТАТ ПОЕНИТЕ
Ова се поените што можеш да ги дадеш. Секој учесник почнува со 1.000.
Кога ќе дадеш зијани, другиот учесник добива исто толку дубари. Дубарите се лични поени.
Ова се тимски поени. Се добиваат од потврдени модификатори или директно од организаторите.
За да дадеш зијани, користи /дај-му-на-човекот, избери учесник и внеси износ. Не можеш да си дадеш себеси.
На еден учесник можеш да му дадеш најмногу 500 зијани во текот на целиот џем.
Не можеш да даваш зијани на сегашен или поранешен тимски колега. Ботот ќе те спречи ако пробаш.
Кога ќе дадеш зијани, тие не можат да се вратат. Ако подоцна станете тимски колеги, ботот ќе ги поништи тие дубари.
Резултатот на тимот е збир од дубарите на членовите и тимските даржанти. Личната ранг-листа ги брои само твоите дубари. Резултатите можеш да ги видиш на веб или со /ранг-тим и /ранг-учесници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ
Отвори /модификатори или листата на веб.
/земи-модификатор ID. Мора да си учесник во тим.
Додај го барањето од модификаторот во вашата игра.
Организатор ќе го провери. Потоа тимот ги добива даржантите.
/тимски-модификатори ќе видиш што сте земале и што е веќе потврдено./остави-модификатор ID можеш да го вратиш само додека не е потврден.ФЕР ИГРА
Играта се прави за време на џемот. Можеш да користиш алатки по избор, освен ако организаторите не кажат поинаку.
Следи го Discord за важни известувања, промени во распоредот и нови модификатори.
Не користи лажни профили и не договарај размена на поени за да ја наместиш ранг-листата.
Секој тим треба да подготви верзија од играта што може да се пушти и кратка презентација.
Одлуката на организаторите е конечна за модификаторите, поените и спорните ситуации.
Просторот е отворен 24 часа. Внимавај на опремата и почитувај ги другите учесници.
БРЗ ПОТСЕТНИК
| Команда | Што прави |
|---|---|
/учесник име возраст пол град маица прифаќам | Ја зачувува пријавата за ова издание, те пријавува како учесник или те става на листа на чекање. Може повторно да ја пуштиш за исправка. |
/волонтер име возраст пол град маица прифаќам | Ја зачувува волонтерската пријава за ова издание. Може повторно да ја пуштиш за исправка. |
/публика | Избери ја оваа улога ако сакаш само да го следиш настанот. |
/креирај-тим име таг | Прави нов тим со име и таг од три англиски букви. |
/тим таг | Те внесува во тим со избраниот таг. |
/напушти-тим | Те вади од тимот во кој си и го трга тагот од твоето име. |
/мој-тим | Ги покажува членовите и тимските даржанти. |
/јас | Покажува колку зијани и дубари имаш, во кој тим си и дали поените се активни. |
/дај-му-на-човекот | Дава зијани на друг учесник; тој добива дубари. |
/модификатори | Ги покажува сите модификатори. |
/земи-модификатор ид | Зема модификатор за целиот тим. |
/остави-модификатор ид | Го трга модификаторот ако уште не е потврден. |
/тимски-модификатори | Покажува кои модификатори ги зел твојот тим и кои се потврдени. |
/ранг-тим · /ранг-учесници | Ги покажува тимската и личната ранг-листа. |
/правила · /услови · /приватност | Ги испраќа линковите до водичот, условите за учество и политиката за приватност. |
/помош | Покажува список со сите команди и линк до овој водич за учесници. |
ПРЕД ФИНАЛЕ