РазИгра 2.0 НАЗАД

ВОДИЧ ЗА УЧЕСНИЦИ · ИЗДАНИЕ 2

ПРАВИЛА

Првпат учествуваш? Тука ќе видиш како да се пријавиш, да најдеш тим и да го користиш ботот.

РАЗИГРА 2.0

Што треба да знаеш

Џемот се одржува во KAMAi MEDIA, а главните известувања се на Discord. Ботот ти помага да се пријавиш, да влезеш во тим и да ги следиш поените. На веб-страницата се распоредот и резултатите.

100места за учесници
48Hза правење игра
24Hотворен простор
1Kпочетни зијани
01

ПРЕД ДА ПОЧНЕ ЏЕМОТ

Пријавување и улоги

  1. 1

    Отвори го Discord

    Влези на серверот и избери /учесник ако сакаш да правиш игра. Внеси име и презиме, возраст, пол, град и големина на маица.

  2. 2

    Избери улога

    Избери /учесник, /волонтер или /публика. За учесник и волонтер прочитај ги Условите и Политиката за приватност, па избери прифаќам: Да. Ако од учесник преминеш во волонтер или публика, ќе излезеш од тимот.

  3. 3

    Ако нема слободно место

    Кога ќе се пополнат 100 места, ботот ќе те стави на листата на чекање и ќе ти каже кој број си.

  4. 4

    Ако се збуниш

    Напиши /помош за список со команди. Со /јас можеш да видиш колку поени имаш.

02

НАЈДИ ЈА ЕКИПАТА

Како да направиш тим

НАПРАВИ ТИМ

/креирај-тим

Избери име и таг од три англиски букви, на пример PAL. Ботот автоматски ќе го стави тагот пред твоето име.

/креирај-тим име: Palm Pirates таг: PAL
ВЛЕЗИ ВО ТИМ

/тим PAL

Напиши го тагот на тимот. Со /мој-тим ќе ги видиш членовите, а со /напушти-тим можеш да излезеш.

Ако последниот член излезе, тимот се брише.

03

КАКО РАБОТАТ ПОЕНИТЕ

Зијани, дубари и даржанти

🎁

ЗИЈАНИ

Ова се поените што можеш да ги дадеш. Секој учесник почнува со 1.000.

💰

ДУБАРИ

Кога ќе дадеш зијани, другиот учесник добива исто толку дубари. Дубарите се лични поени.

🎖️

ДАРЖАНТИ

Ова се тимски поени. Се добиваат од потврдени модификатори или директно од организаторите.

ДУБАРИ НА ЧЛЕНОВИТЕ + ТИМСКИ ДАРЖАНТИ = ВКУПЕН ТИМСКИ РЕЗУЛТАТ
01

За да дадеш зијани, користи /дај-му-на-човекот, избери учесник и внеси износ. Не можеш да си дадеш себеси.

02

На еден учесник можеш да му дадеш најмногу 500 зијани во текот на целиот џем.

03

Не можеш да даваш зијани на сегашен или поранешен тимски колега. Ботот ќе те спречи ако пробаш.

04

Кога ќе дадеш зијани, тие не можат да се вратат. Ако подоцна станете тимски колеги, ботот ќе ги поништи тие дубари.

Резултатот на тимот е збир од дубарите на членовите и тимските даржанти. Личната ранг-листа ги брои само твоите дубари. Резултатите можеш да ги видиш на веб или со /ранг-тим и /ранг-учесници.

04

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ

Како работат модификаторите

2

ЗЕМИ

/земи-модификатор ID. Мора да си учесник во тим.

3

НАПРАВИ

Додај го барањето од модификаторот во вашата игра.

4

ПОКАЖИ

Организатор ќе го провери. Потоа тимот ги добива даржантите.

  • Тимот може да земе повеќе модификатори. Истиот модификатор се зема само еднаш.
  • Секој член на тимот може да земе модификатор во име на целиот тим.
  • Со /тимски-модификатори ќе видиш што сте земале и што е веќе потврдено.
  • Со /остави-модификатор ID можеш да го вратиш само додека не е потврден.
  • Даржантите се врзани за тимот, не за поединечен член.
05

ФЕР ИГРА

Фер игра и учество

Играта се прави за време на џемот. Можеш да користиш алатки по избор, освен ако организаторите не кажат поинаку.

Следи го Discord за важни известувања, промени во распоредот и нови модификатори.

Не користи лажни профили и не договарај размена на поени за да ја наместиш ранг-листата.

Секој тим треба да подготви верзија од играта што може да се пушти и кратка презентација.

Одлуката на организаторите е конечна за модификаторите, поените и спорните ситуации.

Просторот е отворен 24 часа. Внимавај на опремата и почитувај ги другите учесници.

06

БРЗ ПОТСЕТНИК

Команди за учесници

КомандаШто прави
/учесник име возраст пол град маица прифаќамЈа зачувува пријавата за ова издание, те пријавува како учесник или те става на листа на чекање. Може повторно да ја пуштиш за исправка.
/волонтер име возраст пол град маица прифаќамЈа зачувува волонтерската пријава за ова издание. Може повторно да ја пуштиш за исправка.
/публикаИзбери ја оваа улога ако сакаш само да го следиш настанот.
/креирај-тим име тагПрави нов тим со име и таг од три англиски букви.
/тим тагТе внесува во тим со избраниот таг.
/напушти-тимТе вади од тимот во кој си и го трга тагот од твоето име.
/мој-тимГи покажува членовите и тимските даржанти.
/јасПокажува колку зијани и дубари имаш, во кој тим си и дали поените се активни.
/дај-му-на-човекотДава зијани на друг учесник; тој добива дубари.
/модификаториГи покажува сите модификатори.
/земи-модификатор идЗема модификатор за целиот тим.
/остави-модификатор идГо трга модификаторот ако уште не е потврден.
/тимски-модификаториПокажува кои модификатори ги зел твојот тим и кои се потврдени.
/ранг-тим · /ранг-учеснициГи покажува тимската и личната ранг-листа.
/правила · /услови · /приватностГи испраќа линковите до водичот, условите за учество и политиката за приватност.
/помошПокажува список со сите команди и линк до овој водич за учесници.

ПРЕД ФИНАЛЕ

Последна проверка

  • Играта може да се пушти и покаже.
  • Тимот знае кој презентира.
  • Земените модификатори се подготвени за проверка.
  • Си ги прочитал последните пораки на Discord.